НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
1. Кога ќе се започне со настава?
- со настава се започнува штом се формираат групите, но најдоцна до 10 септември.
2. Кои денови ќе се одвиваат часовите и со каква динамика?
- Онлајн часови: понеделник и среда од 19 до 20:30 часот;
Часовите ќе се одвиваат на една од платформите за он-лајн настава (Zoom, Jitsi, Skype..), а самата завршна претстава ќе биде во форма на он-лајн претстава;
- Часови во училница: вторник и четврток, од 19 до 20:30 часот, завршната претстава ќе се прикаже во согласност со протоколите за заштита.
Динамиката на часови за почеток е два пати седмично, а потоа кога ќе се ближи датумот за завршната претстава, фондот на часови ќе се зголеми.
НАПОМЕНА: Доколку се формираат поголем број на групи, се прави распоред, кој ќе се разликува од гореприкажаниот.
3. Колку чини месечната членарина?
- Он-лајн часови: 800 денари месечно (8 часа по 90 минути)
- Часови во училница: 1200 денари месечно (8 часа по 90 минути)
Во цената за часовите е вклучено:
- Наставна програма
- Материјали за работа (книги, е-книги, тетратки, наливи, нагледни средства...)
- Материјали за завршна претстава (костими, реквизити, сценографија)
- Посета на театарски претстави
- Екскурзии
4. Како се врши уплатата за месечната членарина?
- Во готово во нашите канцеларии;
- Уплата во банка;и
- Он-лајн со картичка*
*Во фаза на подготовка.
5. Дали може ученик да се префрли од еден метод на настава на друг (он-лајн - училница и обратно)?
- Да, ученик кој посетува еден вид на метод на настава може да се префрли на друг, со тоа што новиот ценовник ќе почне да се практикува од наредниот месец.